Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Димитриеска-Кочоска: Уште еден охрабрувачки сигнал за позитивните движења во економомијата, инфлацијата го продолжи трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. 

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, инфлацијата го продолжува трендот на намалување и во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво. Во април 2026 година на инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценнти, во мај 4,8 и во јуни 3,4 проценти. Забавување на растот на цените е забележано и  на месечно ниво кај речиси сите категории производи и услуги, со исклучок на транспортот.

-Ова е уште еден охрабрувачки сигнал за движењата во економијата. Покрај намалувањето на инфлацијата, раст бележат извозот, индустриското производство и вработеноста, што укажува дека економските политики даваат резултати. Тоа се потврдува и со растот на даночните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули 2026 година. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме економските движења и да креираме мерки коишто се во интерес на граѓаните, за заштита на животниот стандард и за понатамошно зајакнување на македонската економија, наведува министерката за финансии во објавата на Фејсбук.вј/

Реклама

Фото: МИА архива и Фејсбук Димитриеска-Кочоска