Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Средства за минимална плата ќе се обезбедат според договорот меѓу синдикатите и работодавачите

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Благој Бочварски од Социјалдемократскиот сојуз на денешната Седница во Собранието на Македонија постави повеќе прашања до министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, меѓу кои и за покачување на минималната плата на 450 евра во услови на растечки цени. Министерката одговори дека ќе обезбеди средства според договорот постигнат меѓу синдикатите и работодавачите.

Покрај за минималната плата, пратеникот Бочварски праша и за реализацијата на општинските проекти за кои се обезбедени финансиски средства, како и за средствата од ребалансот на буџетот за 2024 година.

Димитриеска Кочоска посочи дека буџетскиот дефицит е помал од претходно. Во врска со капиталните инвестиции, министерката најави дека следната година ќе има зголемување и дека ќе се разгледаат причините за досегашната ниска реализација.

Реклама

-Не е точно дека буџетскиот дефицит е поголем, помал е. Во економијата бројките се егзактни. Во однос на минималната плата, како ќе кажат синдикатите и работодавците, така ќе направам, имам обврска тоа да го обезбедам. Во однос на капиталните инвестиции, ќе излезат работите на виделина и ќе видиме зошто имаме толку ниска реализација на капиталните инвестиции. Следната година ќе имаме зголемување, рече таа.

Министерката ги покани сите заинтересирани за подетални објаснувања и нагласи дека сите проекти ќе се реализираат како што било проектирано.

Таа, исто така, информираше дека тендерите за проектите на општините во износ од 100 милиони евра се распишани и реализацијата трае до 31 декември 2024 година.

– На 31.12.2024 ќе добиете точен одговор, ќе дадам податок во однос на општинските проекти, колку пари ќе бидат реализирани, дополни таа.

За следната година, таа изјави дека за овие проекти се планирани 250 милиони евра, со побрза динамика на реализација.