Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Економија

Димитриеска-Кочоска: Сите задолжувања, и досегашни и идни, се во рамките на планираното со буџетот

Министерката за финанси Гордана Димитриеска Кочоска вели дека сите задолжувања што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финанси Гордана Димитриеска Кочоска вели дека сите задолжувања што се досега реализирани, како и идните, се во рамки на она што е предвидено во Буџетот. Ништо, потенцира таа, надвор од тоа што е предвидено не се задолжуваме. 

Потврди дека пред два дена Владата се задолжила, исто така, во рамки на планираните задолжувања, но, како што појасни,  поради состојбата на финаниските пазари, наместо 250 милиони евра, земала заем од 150 милиони.

-Ние пред два дена се задолживме, меѓутоа не 250 милиони евра колку што беше планирано. Токму поради состојбата на пазарите одлуката беше дека нема да го користиме целиот износ. Напротив, земавме 150 милиони евра од причина што  состојбата на финансиските пазари е повеќе од јасна. Овие пари ни се потребни за да може да исфинансираме до крајот на годината камата и главница, рече на денешната прес-конференција посветена на ребалансот на Буџетот. 

Реклама

Таа појасни дека станува збор за издавање на една помала еврообврзница и оти се работи за приватни инвеститори.

-Можам да кажам дека тоа се најголемите светски инвеститори и дека во овие услови кога состојбата во светот е таква ние навистина имавме голем интерес од таков тип инвеститори. Тоа мора да го кажеме и треба да се пофалиме со тоа дека сепак најголемите инвеститории во светот се уште веруваат и верувам дека ќе биде така и натаму затоа што 2027 година, исто така, ќе биде голем предизвик, рече министерката за финансии додавајќи дека заемот е земен со каматна стапка од 5.25 проценти. 

Додаде дека до крајот на годината се планирани и одредени задолжувања, како што рече, не во рамки на овој, туку во првиот ребаланс, затоа што, како што истакна, треба да се сервисираат долговите, во најголем дел надворешен долг и камати кон надворешен долг.

Министерката за финансии потсети дека доспеваат и државни хартии од вредност и оти таа како министер, како што рече, последните две години постојано зборува за доспевањата до една година.

-Ако вие на следната аукција имате доспевање од 50 милиони евра, а некоја од банките не ви презапише вие по автоматизам треба да обезбедите средства од друга страна за да ги исфинансирате. Токму затоа јас за овие харии од вредност со доспевања до 1 година постојано кажувам до кој износ се стигнати за да немаме заблуди да мислат граѓаните дека тоа не постот. Тоа постои и треба да се менаџира, рече Димитриеска Кочоска.