Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Димитриеска-Кочоска: Првата конечна листа на јавни инвестиции – потврда за заложбата на Владата за поефикасна реализација на капиталните проекти

Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, енергетиката, дигитализација, образование, здравство, земјоделство, водостопанство и животна средина ја сочинуваат Првата конечна листа на јавни инвестиции, што ја објави Министерството за финансии, а претходно одобрена од Комитетот за јавните инвестиции и усвоена од Владата.

Помеѓу проектите се реконструкцијата и изградбата на Клиничка Болница во Тетово,  Клиничка болница во Штип, студенстки дом и медицински факултет, како и болницата во Кичево. Реконструкција на централен дел од железничкиот Коридор VIII делница Скопје – Кичево, реконструкција на постојната и изградба на брза железничка пруга долж Коридорот 10, систем за батериско складирање на електрична енергија, систем за контрола на стекнување и следење податоци – СКАДА и софтвер за планирање на производство и тргување со електрична енергија,  Ветерен парк Миравци, комбинирана гасна електрана во ТЕЦ Битола и проширување на мрежата за централно греење за градот Битолa, подобрување и реконструкција на дистрибутивна мрежа за топлинска енергија во Скопје, пловечка фотонапонска електрана Шпилје и друго.

На Првата листа за јавни инвестиции во посебен дел се објавени и  проекти коишто се веќе во фаза на спроведување, односно за кои е донесена одлука за финансирање.   

Реклама

Од Министерството за финансии појаснуваат дека на листата се работело подолг период. Иницијативите се доставувале од страна на институциите и јавните претпријатија и претпријатијата во државна сопственост во текот на минатата година по што се вршела проверка и оценка и креирањето на предлог-листата којашто е доставена потоа до Комитетот на одобрување и до Владата на усвојување.  Целиот овој процес е предвиден со Законот за буџети и Уредбата за управување со јавни инвестиции, и претставува основа за воспоставување современ систем на управувањето со јавните финансии.

-Станува збор за една многу значајна реформа во управувањето со јавните финансии, во делот на средствата наменети за јавни инвестиции, со што на еден посистематизиран начин се пристапува кон реализацијата на одредена иницијатива којашто доаѓа од одредена институцијата. Институциите доставуваат иницијативи за проектни идеи до Министерството за финансии, во Министерството за финансии тим врши проверка на комплетноста и квалитетот на проектната идеја и дава мислење за изводливоста и одржливост на идејата, потоа предлозите коишто се позитивно оценети се доставуваат до Комитетот за јавни инвестиции кој ја креира предлог листата за јавни инвестиции и ја доставува до Владата на нејзино конечно усвојување-  вели министерката за финансии Димитриеска-Кочоска.

Таа додава дека треба да се има предвид дека објавените проекти на Првата конечна листа не претставува конечна одлука за нивна имплементација. Одлуките за финансирање на овие проекти ќе се одвиваат во понатамошниот процес во рамки на расположливите средства во буџетот, односно во рамки на финансиските средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, а пред се, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата. Вредноста на секој проект поединечно на оваа листа е над 5 милиони евра, а нивното финансирање и спроведување би се спровело во повеќе буџетски години.

-На ваков начин нема да ни се повторуваат состојби од минатото кога се почнуваше проект, а потоа поради недоволна подготвеност имаше застој. На таков начин и планирањето и реализацијата на капиталните проекти ќе биде поефикасно, а од друга страна и управувањето со јавните финансии ќе носи поголем бенефит – посочува министерката Димитриеска-Кочоска.