Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество

Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поддршката на жените лидери е инвестиција во посилна економија и посилно општество, порача министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на јубилејното 30-то издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“.

Министерката потенцираше дека поддршката на жените во економијата и претприемништвото не е само прашање на родова еднаквост, туку и на одржлив економски развој.

„Поддршката на жените во економијата, претприемништвото и лидерството значи поддршка на економскиот развој. Секоја жена која создава нова вредност придонесува за посилни компании, поконкурентна економија и посилно општество“, посочи Димитриеска-Кочоска.

Реклама

Таа нагласи дека институциите имаат обврска да продолжат со создавање средина во која жените ќе имаат уште поголема поддршка за професионален развој, лидерство и претприемништво, како и да бидат инспирација за младите генерации.