Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Димитриеска–Кочоска: Нема промени за граѓаните, пратките од Тему и понатаму без дополнителни давачки

Министерката за финансии Гордана Димитриеска–Кочоска им порачa на граѓаните дека измените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска–Кочоска им порачa на граѓаните дека измените на законот за ДДВ нема да донесат никакви нови трошоци за онлајн нарачките од платформи како Тему. Според неа, пратките и понатаму ќе пристигнуваат без дополнителни плаќања, затоа што ДДВ е веќе пресметан и вклучен во конечната цена што ја плаќаат корисниците при нарачка.

Таа објасни дека моделот на наплата на ДДВ за ваквите пратки функционира преку електронски систем со кој меѓународните платформи го пресметуваат и уплаќаат данокот уште во моментот на купување. Со тоа, вели министерката, се избегнуваат дополнителни административни процедури и непланирани трошоци за граѓаните при пристигнување на пратките.

Целта на законските корекции е усогласување со европските директиви, без да се наруши досегашната пракса за малите пратки. Министерството очекува со новите законски доуредувања да се зголеми ефикасноста на наплатата, но без никакво финансиско оптоварување за корисниците кои купуваат од странство.