Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период.

На средбата на која присуствуваа шефот на мисијата, Ник Гигинешвили и шефот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса, беше истакнато дека македонската економија во 2025 година оствари стабилен раст од 3,5%, со забрзување на економската активност во текот на целата година и раст од 3,8% во последниот квартал.

Растот беше поддржан од домашната побарувачка, особено приватната и јавната потрошувачка, како и од позитивниот придонес на нето-извозот, додека инвестициите на годишно ниво задржаа солидна динамика.

Реклама

Во однос на ценовните движења, беше посочено дека податоците за периодот јануари – фервуари покажуваат смирување односно надолен тренд на инфлацијата, но новонастаната состојба со војната на блискиот исток и цените на нафтата претставуваат сериозен предизвик за глобаланата економија.

Позитивни трендови се забележуваат и на пазарот на труд, каде што невработеноста се намалува, а платите бележат раст. Во фокусот на разговорите беа фискални проекции и претпоставки со кои се предвидува постепена фискална консолидација, зајакнување на управувањето со јавните финансии и одржување на високо ниво на капитални инвестиции како двигател на економскиот раст.

Буџетскиот дефицит е проектиран да се намалува во наредниот период со цел обезбедување долгорочна одржливост на јавниот долг. Беше истакнато дека континуирано се врши следење и анализа на состојбите со надворешното опкружување и можностите на државата соодветно да реагира со соодветни владини мерки.

„Наш приоритет останува одржување на фискалната стабилност, преку постепена консолидација и дисциплинирано управување со јавните финансии, но истовремено и поддршка на економската активност преку силен инвестициски циклус и структурни реформи“, истакна министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Соговорниците ја поздравија посветеноста кон макроекономска стабилност и реформскиот процес, нагласувајќи дека ваквите политики се клучни за зајакнување на довербата и долгорочен економски развој.

Од страна на претставниците на Меѓународниот монетарен фонд беше поздравена конзистентноста во реализацијата на буџетскиот дефицит за 2025 година на планираното ниво од 4%, како потврда дека фискалните политики се движат во правилна насока.