Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Димитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултати

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговараше за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027.

На средбата бил потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакнала дека Министерството за финансии ги вложува сите свои капацитети во исполнувањето на обврските, при што е постигнат значителен напредок, и нагласи дека Владата останува целосно посветена на реформскиот процес.

-Министерката на состанокот потенцираше дека во делот на јавните финансии се преземаат активности за зајакнување на отчетноста и транспарентноста, при што реформите се дел од поширока трансформација насочена кон приближување на економијата кон единствениот пазар на Европската Унија, зајакнување на институциите и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите, соопштуваат од Министерството за финансии.

Реклама

На состанокот било нагласено дека земјата останува целосно усогласена со Европската Унија на политички, економски и стратешки план.