Министерката за финансии ордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на состанокот на Конституенцата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), одржан во рамките на годишните средби во Бангкок.
Димитриеска-Кочоска на „Фејсбук“ објави дека на состанокот се разговарало за актуелните глобални економски предизвици, одржувањето на макроекономската стабилност и можностите за забрзување на економскиот раст.
– Посебен фокус ставивме на предизвиците со кои се соочуваат земјите во регионот, вклучително и геополитичката неизвесност, климатските промени и дигиталната трансформација, како и на потребата од политики што ќе обезбедат одржлив и инклузивен раст. Размената на искуства и идеи со меѓународните партнери е важна за унапредување на економските политики, поддршка на реформските процеси и зајакнување на отпорноста на нашите економии. Нашата цел е јасна – стабилна економија, одржлив развој и подобри перспективи за граѓаните – наведува Димитриеска-Кочоска.
Министерката за финансии во рамките на годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка во Бангкок имаше средба и со заменик-генералниот директор на ММФ, Бо Ли.
Во фокусот на разговорите, на кои присуствувал и грувернерот на Народната банка, Трајо Славески, биле актуелните макроекономски состојби, предизвиците од глобалното окружување и значењето на независноста, транспарентноста и кредибилитетот на централните банки за одржување на макроекономската стабилност.

