Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Димитриеска Кочоска: На осми октомври во Будимпешта се потпишува договорот за унгарскиот кредит

Наредниот вторник, во Будимпешта ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наредниот вторник, во Будимпешта ќе се потпише договорот за унгарскиот кредит во висина од 500милиони евра, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Кон средината на месецот, се очекува парите да легнат на буџетските сметки.

„ На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на  буџетските сметки, мислам на девизните, па потоа да ги пренасочиме на денарската сметка„ изјави министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска.

 Во врска со јавниот долг на државата, според проекциите до крајот на годината се очекува максималниот износ да изнесува 66%, .

Реклама

 „Во однос на намалување не верувам годинава дека ќе може да има намалување. Но, затоа работиме на промена на концептот, како ја гледаме иднината и како ќе ја развиваме економијата преку инвестиции, поголем економски раст. Секако дека полека ќе го консолидираме и јавниот долг„ изјави Димитриеска-Кочоска.

Во делот на поврат на ДДВ министерката рече, дека компаниите редовно го добиваат, а подолго чекаат само оние , кадешто одредени ситуации дополнително треба да се испитат. Кочоска, посочи дека во моментот се прават проверки, бидејќи од претходното раководство, во Управата за јавни приходи, има отворено налози во износ од повеќе од милјарда и четиристотини милиони денари. Кочоска, потенцираше дека во буџетот за наредната година, не се предвидени пари за ЕСМ.

Александра Ристевска