Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Економија

Димитриеска-Кочоска на Истанбулскиот економски самит 2025

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска утре и задутре ќе учествува на Истанбулскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска утре и задутре ќе учествува на Истанбулскиот економски самит 2025. На Самитот во Истанбул, Турција ќе учествуваат високи претставници од влади, меѓународни организации, како и од деловниот сектор и академската заедница.

Министерката утре на отворањето на самитот ќе има воведно обраќање на тема „Нова рамнотежа и глобална соработка“, во кое ќе ги потенцира актуелните предизвици на светската економија и значењето на градењето силни и отпорни економски врски.

Задутре, пак, таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Нови текови на глобалните финансии: нова рамнотежа, дигитални валути и економски партнерства“, посветена на иднината на финансиските системи, растечката улога на дигиталните валути и развојот на економски партнерства помеѓу државите.

Реклама

Фокусот на Самитот, како што информираат од Министерството за финансии, е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка помеѓу државите и развој на нови партнерства.

На него ќе се дискутира за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и за улогата на образованието во привлекувањето странски инвестиции.

Учеството на министерката ќе овозможи размена на искуства со водечките економски и политички чинители на глобално ниво.