Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност – целта е одржување на стабилноста на финансиите на долг рок

Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година ќе биде поделена во два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање.

Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинари на која посочи дека целта на издавање на еврообврзницата во два дела со доспевање во различен временски период е да се одржи стабилноста на јавните финансии на долг рок и да се обезбеди ликвидност за сервисирање на обврските што доспеваат.

Во моментот се уште се прават анализи за рочноста на еврообврзницата, која би се издала во првиот квартал во 2026 годинава, а според министерката целта на овој модел е поголемата атрактивност кај инвеститорите за еврообрзниците коишто се над 500 милиони евра бидејќи  може да се тргуваат на секундарниот пазар.

Реклама

Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.