Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ.

-Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на проектирање на поединечен буџет на секоја институција, а при тоа имајќи предвид дека мора да имаме развоен буџет, мора да имаме фискална консолидација, но истовремено да ги погледнеме и обврските кои ги има секоја од институциите коишто се евидентирани во системот на МФ и  да ги земеме предвид и да ги вклопиме приоритетите на Владата“, рече министерката за финансии.

Таа потенцира дека преку  мерките за фискална консолидација и поголема контрола на расходната страна  како што е предвидено со Буџетот за 2026 година и продолжување на позитивните резултати во делот на БДП ќе имаме и намалување на јавниот долг.

Реклама

Како што појасни во наредната година ќе се обезбедат на домашен и меѓународен пазар средства за да се вратат обврски кои се создадени од претходната Влада, вклучително и Еврообврзницата издадена во 2020 година и други заеми и дека ново задолжување ќе биде она што е потребно за финансирање на буџетскиот дефицит.

Очекува дека јавниот долг ќе се намали под 60% од БДП порано од 2028 година како што е предвидено со Стратегијата за управување со јавен долг.

Таа потенцира дека во ставките за плати и пензии се предвидени средства согласно законските решенија и дека ќе има раст на минималната плата.

Во гостувањето најави дека во Министерството за финансии веќе се работи на објавување на нова емисија на Граѓанска обврзница и дека тоа ќе биде наскоро.