Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Прилози

ДИК подготвена за изборите во среда, почна доставувањето на гласачките ливчиња

Почна транспортот на гласачкиот изборен материјал за претседателските избори до сите 80…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна транспортот на гласачкиот изборен материјал за претседателските избори до сите 80 општински изборни комисии. Вкупно 1.814.000 гласачки ливчиња со имињата на 7- мината кандидати за претседателските избори беа спакувани во картонски кутии со заштитен печат.

Почетокот на транспортот од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола до општинските изборни комисии го обезбедуваа полициски единици.

„Имаме 17 тима за изборниот материјал да биде успешно распореден и брзо дистрибуиран во општинските изборни комисии. Тоа е едно од последните дејства пред изборите. Пред нас останува најважното, предавање на изборниот материјал до изборните општински комисии, до избирачките одбори, кое е многу чувствително и мора да се спроведе во најдобар ред, бидејќи може да предизвика одговорност во општинските изборни комисии. Сите останати од роковникот ги спроведовме“, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Реклама

Гласачките ливчиња се печателе 10-ина дена под мониторинг на ДИК и ОБСЕ.

„. На самото ливче има околу 20 заштитни  знаци, кои се претходно договорени во тендерската документација со ДИК. Истите се печатени на  германска машина со висок квалитетет. Дистрибуцијата  на изборниот  материјал се спроведува според претходно договорен протокол со ДИК и сите изборни единици во државата и странство – изјави директорот на печатницата „Киро Дандаро”, рече директорот на печатницата „Киро Дандаро” во Битола, Пеце Милошевски.

Во текот на утрешниот ден ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација. ДИК е подготвена за изборите во среда.

Претходно како што објавија од ДИК двојните избори ќе ја чинат државата околу 17 милиони евра, но точната сума ќе се знае по звршувањето на изборниот процес.

Љубиша Владимиров