Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Дигитализација во земјоделството, регионален настан одржан во Кавадарци 

Дигитализација во земјоделството, беше темата на регионалниот настан што денеска беше одржан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дигитализација во земјоделството, беше темата на регионалниот настан што денеска беше одржан со производители на грозје во Кавадарци. Пред присутните лозари од поширокиот регион, беше подвлечено дека дигитализацијата не е иднина, туку сегашност. 

– Настанот е во насока на унапредување на конкурентноста на агро-прехранбениот сектор и забрзување на неговата дигитална трансформација, организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со INNOFEIT EDIH, беше истакнато на настанот. 

Притоа беше подвлечено, дека главна цел  е да се претстават можностите за воведување дигитални алатки и технологии што директно го подобруваат работењето. 

Реклама

– Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат, како може тие проблеми да се надминат преку бесплатни дигитални решенија за кои може заеднички да се аплицира. Решенија против болести, за Зголемување на приноси, намалување на користење работна рака, решенија за поголема конкурентност и излез на странски пазари, појасни Весна Кузмановиќ, претставник од Сојуз на стопански комори. 

На средбата беше кажано дека проектот е финансиран од Европската унија со вклучени и други факултети и компании, а со 50 проценти  учествува и државата. 

Васе Мојсовска, регистриран земјоделец и до неодамна претседател на Федерација на фармери на државно ниво, посочи дека е неопходно да се забрзаат административни постапки што може да им олеснат на лозарите, како носење на урбанистички планови и давање градежни дозволи, соодветна инфраструктура и услови за живот и работа во рурални средини. 

Присутните се согласија дека им се неопходни дигитален маркетинг,  платформа за комуникација, функционален инфо центар, преку кој ќе можат да ги надминуваат бариерите што им стојат на патот.