Неуспешна глума и обид да се врати довербата кај граѓаните, беше наводното јавно дистанцирање на СДСМ од корумпираната ДУИ. Според експертите провидните политички игри на Филипче и неговиот тим се прочиани и за кратко време се очекува да се обединат во пресрет на локалните избори со цел да обезбедат глас повеќе. . Фактот што претседателот на опозициската СДСМ до сега ги критикуваше ДУИ, а сега ја омекна реториката и вели дека се спремни да разговараат со сите политички партии за соработка на изборите, само ја потврдува непринципиелната политика вели аналитичарот Љуљзим Фаризи. Според него, не е ни чудно ако се формира една коалиција помеѓу СДСМ, ДУИ, Левица и крилото на Арбен Таравари бидејќи само преку вакво обединување би можеле да добијат глас повеќе на своето заедничко конто.
Оваа непринципиелна политика која ја водат кон граѓаните, тие се тесно поврзани, соработуваа заедно 7 години и заедно се вклучени во сите тие теренски постапки, злоупотреби итн… и тоа кулминираше со гласот на народот на изборите. Сега купуваа време да добијат малку доверба и доаѓа време кога на локалните избори во вториот круг тие ќе соработуваат. Ова не е јавна тајна, знаеме како соработуваат како функционираат каналите помеѓу партиите. Јас очекувам една коалиција помеѓу ДУИ, Левица, СДСМ и Арбен Таравари. Тие немаат начин како поинаку да дојдат до власт освен ако се обединат. Али Ахмети пак ќе биде главен актер, и се очекува да настапат со една коалиција со Европскиот фронт бидејќи споделуваат исти вредности, а тоа секако би било предводено од Али Ахмети, вели аналитичарот Љуљзим Фаризи.
Очигледно СДСМ како без компас се лизга низ политички тобоган во обид да обезбеди успех на претстојните локални избори. Венко Филипче кој пред само некој месец целосно се огради од Ахмети, вчера најави дека вратите за соработка на локалните избори се отворени за сите, па дури и за нивните поранешни партнери, кои важат за една од најкорумпираните партии во државата. Директно прашан дали на престојните избори би колаицирал повторно со ДУИ, Филипче не се одрече до Ахмети, како пред тоа, туку рече дека биле подготвени да разговараат со сите политички партии

Оваа изјава на Филипче, дојде по јавно изнесениот став на влијателната пратеничка Сања Лукаревска која рече дека јасно се огради од ДУИ заслужувале да останат длабока опозиција.
Но, не е само Лукаревска. И самиот Филипче во декември јавно призна дека неговата партија падна на изборите и заради поданичкиот однос кон ДУИ. Еден месец после оваа изјава, Филипче отиде и подалеку, нарекувајќи ја ДУИ за корумпирана, а нивните закани за опасни и неприфатливи.
