Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Девет македонски амбасадори треба да почнат да си ги пакуваат куферите

Девет амбасадори треба да почнат да си ги пакуваат куферите и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Девет амбасадори треба да почнат да си ги пакуваат куферите и да се вратат во Македонија. Министерството за надворешни работи веќе ги известило за завршување на нивниот мандат. Сега на потег е претседателката која треба да ги потпише указите за нивно отповикување.

“Информираме дека Министерството е во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на Претседателот на државата”– велат од МНР.

Од МНР не откриваат повеќе детали – не ги кажуваат ни причините ни имињата на амбасадорите.

Реклама

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова објаснува дека целата постапка, до нејзиното завршување, е од доверлив карактер, како што предвидува и законот. Во телевизиско гостување изјави дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши процедурата.

“Не сум ни креирала јас укази, кога ќе заврши фазата што е од доверлив карактер и кога ќе има укази, ќе може да се коментира… Јас единствен указ што сум потпишала е за повлекување за амбасадорот Жерновски” – изјави Гордана Сиљановска Давкова.

Амбасадорите најверојатно ќе бидат отповикани поради непочитување на законот, односно биле упатени во мисија од претходниот шеф на државата, Стево Пендаровски, без да ги презентираат амбасадорските тези пред собраниската Комисија за надворшена политика.

Неофицијално, на половина од мандатот во земјава се враќаат амбасадорите од Бугарија, Белгија и Црна Гора, додека по само една година амбасадорување се враќаат амбасадорите од Босна и Херцеговина, Шведска, Чешка, Велика Британија и од Постојната мисија при Меѓународните организации. Во Македонија треба да се врати и амбасадорката во Советот на Европа, но поради редовен истек на мандатот.

Ања Лукарова