Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Македонија

Десетина пожари се уште активни во земјава, кај Пехчево е најалармантно

Пожарите не стивнуваат – активни се десет од вкупо 45. Гори кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите не стивнуваат – активни се десет од вкупо 45. Гори кај Кичево, Македонски Брод, Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и Ресен а најалармантно е на планината Буковик во близина на Пехчево. Пламените јазици ја голтаат шумата, но и единственото возило на Доброволното противпожарно друштво. Марјан Митриновски секојдневно се бори со огнената стихија, бидејќи, како што вели, планината е негов втор дом. Како туристички водич тој најдобро ја познава.

Осум денови беснее и пожарот на Галичица. Откако ќе се стави под контрола огнот повторно ветрот го враќа на македонска страна. Пожарот се прошири кон преспанскиот дел кон Стење и Магаро. Постои опасност да навлезе во шумите. Ренџерите бараат помош од воздухоплови.

Поради неповолниот ветер, и негаснењето од албанска страна има големи шанси пламените јазици да се прошират.

Реклама

Во јули биле регистрирани 765 пожари од пошироки размери, соопшти Центарот за управување со кризи. Најголем дел од пожарите зафатиле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и депонии.  Вкупно 608 пожари се регистрирани на ваков терен, а 157 биле шумски пожари, кои ја прават најголемата штета. Од Национални шуми велат дека се уништени илјадници хектари шума, за која ќе биде потребно најмалку 50 години за да се обноват.

Ања Лукарова