Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Десет кандидати за пет обвинителски места во моќното ОЈО за ГОКК, меѓу нив и двајца од поранешното СЈО

Паралелно со изборот на нов државен јавен обвинител, трае и изборот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паралелно со изборот на нов државен јавен обвинител, трае и изборот на нови обвинители во моќното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предводено од Ислам Абази.

Во трката се двајца обвинители од поранешното СЈО, тројца од скопското обвинителство и пет актуелни обвинителки од ГОКК. Значи, за пет места пријавени се десет обвинители. Непознато е дали изборот ќе биде направен утре, бидејќи истиот ден треба да се избере новиот републички обвинител. Во спротивно, ќе треба на седницата да присуствува и да избира в.д. обвинителката.

Меѓу кандидатите е и обвинителката која во 2018 година го смени обвинението за „поткуп“ против екс-премиерот Зоран Заев, како и двајцата виши обвинители Артан Ајро и Трајче Пеливанов, кои беа дел од тимот на Катица Јанева во поранешното СЈО.