Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

🎥Десет години „Киненова“: програмата фокусирана на емотивни филмови

На 28 септември со филмот „Изгубениот сон на Југословенскиот дрим тим” на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 28 септември со филмот „Изгубениот сон на Југословенскиот дрим тим” на младиот хрватски режисер Јуре Павловиќ ќе се отвори Меѓународниот филмски фестивал „Киненова”

Директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, вели дека програмата нуди филмови со длабоки и топли емоции.

„Поминавме десет неверојатно турбулентни години, десет изданија низ кои ги преживеавме филмските и лични приказни на бројни храбри автори од целиот свет. Се соочивме со обиди за цензура, премолчување, за замолчување, обиди дури и за стопирање на подемот на растежот, на развојот на овој пркос од фестивал.“ изјави директорот на Меѓународниот филмски фестивал “Киненова”, Небојша Јовановиќ.

Реклама

На фестивалот ќе бидат прикажани бројни странски но и домашни филмови. Наградата за „Особен придонес во филмската уметност” ќе ја добие македонскиот кинематограф Владимир Самоиловски, а наградата за животно дело ќе ја добие норвешката актерка и режисерка Лив Улман.

„И оваа година филмовите кои се натпреваруваат за Киненова наградите се поделени на три документарни и три играни филмови. Уште еден доказ дека креативната документаристика навистина во последнава декада е многу силна и моќна и не можеме од толку добри и пристигнати дела сето тоа да го игнорираме па затоа влегуваме во една таква фина креативна поставка официјалната селекција да има пола-пола играни и документарни филмови“ изјави селекторот на главната програма Игор Анѓелков.

„Годинава како наши лауреати за специјални награди златна грива за особен придонес во филмската уметност ние ги одбравме нашиот Влатко Самоиловски и норвежанецот Даг Јохагн Хагеруд.“ изјави уметничкиот директор Гена Теодосиевска.

Ова е десетто, јубилејно издание на фестивалот „Киненова“ кој во фокусот ги има младите филмски работници. Организаторите најавуваат програма која изобилува со филмови од различни жанрови и подрачја која треба да ги задоволи вкусовите и на најпребирливите филмофили.