Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Денот на македонскиот јазик одбележан со порака: Да ја чуваме кирилицата и јазикот

Да ја чуваме кирилицата и јазикот.  Во време на негирања и оспорувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да ја чуваме кирилицата и јазикот.  Во време на негирања и оспорувања од страна на Бугарија, потребата од правилна употреба на македонскиот јазик е поголема од кога било, посочуваат истакнати македонисти. По повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик, во Институтот „Крсте Мисирков“ се одржа свеченост со настапи на ученици и обраќања на професори и научни работници. Директорката на Институтот Грујовска, испрати порака до сите граѓани, особено најмладите генерации, да пишуваат на кирилица, како што пишувале нашите родители, баби и дедовци, но и борците за слобода.

„Кирилицата е нашето богатство, нашето културно наследство што нè прави свои препознатливи, различни и единствени во Европа и во светот“, изјави Елена Јованова Грујовска – директорката на Институтот по македонски јазик „Крсте Мисирков“.

„Да ја сочуваме, негуваме и развиваме и усовршуваме македонистиката како поддржувач научен поддржувач на македонскиот јазик“, изјави Кристина Николовска директор на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје.

Реклама

За професорот Арсов, македонскиот јазик има сигурна иднина затоа што никогаш не бил статичен. Природно успеал да ги спои традиционалното и современото и зад него стојат луѓе истражувачи, учители, писатели, но пред се обични зборувачи кои го живеат јазикот и им го пренесуваат на идните поколенија.

„Македонскиот јазик денес живее во еден особено интересен момент. Од една страна тој е целосно афирмиран стандарден јазик, со своја традиција, литература, научна обработка. Од друга страна се соочува со нови предизвици, дигиталната комуникација, глобализацијата, влијанијата од други јазици. Тој природно ги спојува традиционалното и современото, а зад него стојат истражувачи, учители, писатели, но пред сè обичните говорители кои го живеат јазикот и го пренесуваат на идните генерации“, изјави професор Борче Арсов од Инститот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Годинава, Институтот одбележува 100 години од смртта на Крсте Мисирков, првиот кодификатор на македонскиот јазик, како и 105 години од раѓањето на Блаже Конески, неговиот конечен кодификатор.