Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Денеска се одблежува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

На втор ден Божиќ, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На втор ден Божиќ, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица.

„Христос се роди, навистина се роди“! Православните христијани го празнуваат еден од најголемите христијански празници, Божиќ. Верниците како вчера, така и изутринава ги наполнија храмовите, се помолија за здравје среќа и бериќет, запалија свеќа.

На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, која што го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.

Реклама

Кога стана успението на пресвета Богородица ангелите и апостолите на облаците се собираа и, Тома наречен бизнак. Сета Индија ја уверија во тој час, три илјади луѓе, и не сакаше да дојде дури не го увери сиот народ. Зеде облак светол и тој го донесе, и ја сретна света Богородица што се носеше на облаците и во рајот влегуваше.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресвета­та Богородица. Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено. Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Обичајот вели дека на втор ден Божик треба да се каже следната молитва за да владее мир во куќата цела година и сите да бидат здрави:

„Со твоето раѓање, Христе Боже, осветли ја светата светлина на спознанието Божјо, зашто во таа светлина оние што им служат на ѕвездите се научени да Ти се поклонуваат, Сонцето на правдата, и да Те спознаат од височините на истокот, Господи. Слава Ти!“

Обичајот вели дека куќата не се чисти бидејќи во православието Божик се слави три дена. А на третиот ден, 9 јануари, се празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.