Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Свет

Ден на жалост во Австралија по страшниот терористички напад во Сиднеј

Знамињата во Сиднеј се спуштени на половина копје по смртоносниот напад на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Знамињата во Сиднеј се спуштени на половина копје по смртоносниот напад на плажата Бонди. Двајца вооружени напаѓачи убија најмалку 16 лица и ранија десетици на еврејски настан. Големите градови, вклучувајќи ги Берлин, Лондон, Њујорк и Варшава, ја засилија безбедноста околу настаните за Ханука.

„Ова беше напад намерно насочен кон еврејската заедница на првиот ден од Ханука, што секако треба да биде радосна прослава. Ќе направиме сè што е потребно за да го искорениме антисемитизмот. Тоа е невoља и ќе ја искорениме заедно. Австралија никогаш нема да се покори на поделби, насилство или омраза и ќе го надминеме ова заедно. Одбиваме да им дозволиме да нè поделат како нација“, изјави премиерот на Австралија, Ентони Албанезе.

Според австралиските власти, двајца мажи – татко и син – го извршиле нападот. Педесетгодишниот татко загинал, додека 24-годишниот син е во стабилна состојба. По претресите биле пронајдени импровизирани експлозивни направи во возило поврзано со убиениот напаѓач, што е еден од факторите за прогласување на нападот за терористички.

Реклама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека неодамнешното признавање на палестинска држава од страна на Австралија поттикнува тероризам.

„Тие масакрираа Евреи во Сиднеј, Австралија. Пред четири месеци му напишав писмо на премиерот на Австралија. Му реков: вашата политика охрабрува тероризам. Таа охрабрува антисемитизам. Вие повикувате на палестинска држава и во суштина му давате награда на Хамас за ужасниот масакр што го извршија врз нас на 7 октомври“, изјави Нетанјаху.

Овој случај во Австралија повторно ја отвори јавната дебата за безбедноста, менталното здравје и контролата на оружјето во земјата, која со години важи за една од најстрогите во светот.