Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Прилози

Ден на албанската азбука: ДУИ бара казни од четири до пет илјади евра за непочитување на законот

Предизвикување тензии со цел создавање на вештачка криза преку албанскиот јазик во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предизвикување тензии со цел создавање на вештачка криза преку албанскиот јазик во Македонија, така оваа година се одбележува денот на албанската азбука, вели вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Причината е опозициската ДУИ, која последниов период најавува дека ќе се кренеле на нозе доколку Уставниот суд одлучи да го укине или промени нешто во законот за употреба на јазиците. Според него уставните судии во моментов за жал се под голем притисок од одредени центри.

-Годинава прославата за денот на азбуката не затекнуваат среде жестока дебата за употребата на албанскиот јазик во нашата земја, намерно поттикната да се дефокусира јавниот интерес и да се произведе вештачка криза, таму каде што ја нема. Оваа дебата предизвикува непотребни тензии во општество и регионот, изјави Меџити.

Од ДУИ пак продолжуваат со истата реторика. Уставниот суд не смеел да го чепне законот за јазиците, бидејќи така ќе се срушел Рамковниот договор. За нив проблем останува и балансерот, за кои во минатото се согласиле да се укине, а сега гласно се бунат против тој потег. Додека се чека одлуката на Уставниот суд, од ДУИ повикуваат да се казнувало непочитувањето на законот за јазици.

Реклама

-Уставниот суд не може да излезе над против Уставот, значи јасен е Уставот по однос и на етничката припадност, која што е воведена со Рамковниот договор и по однос на јазикот. Очигледно Уставниот суд има политички притисок бидејќи мора да реализира партиска политичка програма. Етничката припадност, односно правичната застапеност е основно уставно право, основно човеково право. Мислите луѓето цел живот ќе продаваат на тезга или ќе заминат на печалба, изјави потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието се мостови помеѓу луѓето, а не теми кои не разделуваат.

-Владата има одговорност да обезбеди квалитетно образование за сите без разлика на етничка припадност, пол, географска положба и социјален статус. Семејставата имаат одговорност да ги поддржуваат своите деца во образовниот процес, а заедницата да биде да создаде средина во која знаењето ќе биде вреднувано и поттикнувано, изјави Мицкоски.

Министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, вели дека овој ден е потсетник за богатството на различностите и за важноста на зачувувањето на јазичните и културните вредности на сите етнички етнички заедници кои живеат во земјава.

Во честитката на претседателката Гордана Силјановска Давкова вели дека албанскиот јазик и култура се вградени во нашето социјално ткиво и отвораат простор за меѓусебно разбирање и соживот, а дека почитувањето на јазичните разлики нѐ прави демократско мултикултурно општество.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека почитувањето на различностите, вклучително и јазичните, се клучен услов за изградба на стабилно, напредно и демократско општество.

Матеја Петровски