Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Демократски сојуз: За независна и самостојна Македонија беа Македонците и припадниците на националните малцинства

Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на одбележување на 35 години независна Македонија се разви полемика, партиски расправи и пресметки  за тоа, чија е заслугата или кој ги оспорува фактите на процесот на градење на современа македонска држава, се наведува во соопштението од Демократски сојуз.

Гледано од денешна перспектива, во деведесеттите години актуелните водства на повеќето политички партии  имаа многу малку или воопшто немаа никакво влијание во процесите на осамостојување на државата.

Тешкиот пат и товарот на раздвојување на Македонија од Југославија го понесоа тие што не се сликаа на бината на Градскиот плоштад во Скопје, туку со стратегија, планови и оружје, успеаја да се спротивстават на ЈНА и да ги удрат темелите на државата.

Реклама

Беше тешко да се борите против водство на државата кое дел беше да се остане со Србија, преку наводна скратена Југославија, а дел тајно работеше Македонија да се приклучи кон Бугарија.

Македонците заедно со сите други граѓани и покрај опструкциите на референдумот за независност, цврсто и јасно ја искажаа вековната определба за самостојна и независна Македонија.

Сакаме да им честитаме на сите граѓани, но и на сите полицајци, оперативци, старешини и водството на Министерството за внатрешни работи, како и на припадници на армијата, кои направија сѐ процесот на осамостојување да се одвива  брзо и  да се заврши со историски успех.

Во ова време, на Македонија очајнички ѝ треба единство, а не поделби.

Затоа повикуваме на натпревар со идеи и конкретни дела за современа европска  Македонија.