Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Демократската партија на Турците ја достави кандидатурата на Арјан Ибраим за градоначалник на Центар Жупа

Повереникот со надлежности на градоначалник, Арјан Ибраим повторно ќе биде кандидат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повереникот со надлежности на градоначалник, Арјан Ибраим повторно ќе биде кандидат на Демократската партија на Турците, на повторените избори, што ќе се одржат на 11 јануари.

-До Општинската изборна комисија има доставено кандидатура за Арјан Ибраим од ДПТ. Рокот завршува денеска на полноќ.  Независен кандидат  нема, рече Неџип Илјаз, претседател на комисијата.

Ибраим(52) градоначалник на оваа општина беше три последователни мандати. На изборите на 19 октомври тој беше поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и освои 950 гласови, додека двајцата против кандидати Инает Баки и Алил Емрула освоија 386 односно 227 гласа. 

Реклама

Поради необезбедени цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, односно  7551 лице, изборот за градоначалник се повторува.

И на претходните избори, во октомври 2021 година, во оваа печалбарска општина, во двата круга на гласање не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. Владата потоа го наименувана Ибраим за повереник за вршење на работите  од надлежност на градоначалник.

Тој на повторените избори на 17 април следната година, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 август, кога другиот кандидат се повлече, па Ибраим, го обезбеди третиот последователен мандат со над 80 отсто од гласовите.