Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Делегација од португалскиот Универзитет „Беира интериор“ во дводневна посета на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Делегација од Универзитетот „Беира интериор“ (UBI) – Португалија престојуваше во дводневна институционална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација од Универзитетот „Беира интериор“ (UBI) – Португалија престојуваше во дводневна институционална посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со цел унапредување на меѓууниверзитетската соработка и отворање нови можности за заеднички академски и истражувачки иницијативи, информираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип. 

Во состав на португалската делегација беа Жоао Леитао, проректор за финансии, административна модернизација и интеракција со заедницата,  Бруно Фереира Коста, проректор за интернационализација и институционална комуникација, и д-р Дина Переира, менаџер на UBIMedical.

-Делегацијата најпрвин имаше средба со раководството на УГД, а потоа и со сите декани на факултетите при Универзитетот. За време на средбите со раководството и претставници на факултетите при УГД беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката. Во фокусот на разговорите беа: проширување на Еразмус-договорите (области и број на мобилности); развој на заеднички студиски програми, вклучително и можности за двојни дипломи и онлајн курсеви; идентификација на заеднички истражувачки области; подготовка на апликации за европски фондови и заедничко учество во проекти финансирани од ЕУ, соопштуваат од УГД-Штип.

Реклама

Во соопштението се вели дека посетата претставува продолжение на претходните средби меѓу двете институции и дел од стратегиските заложби на УГД за јакнење на интернационализацијата и позиционирање на Универзитетот во европскиот академски простор.

Од двете страни била изразена подготвеност за понатамошна интензивна соработка, со конкретни чекори во насока на формализирање на нови договори и иницирање заеднички проектни активности во наредниот период.