Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Делегација на Партијата за движење на Турците, предводена од претседателот Ибрахим имаше средби во рамки на тим-билдинг активности во Анкара

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегацијата на Партијата за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на тим-билдинг активностите одржани во Анкара, реализираше повеќе значајни посети и средби, стои во соопштението од партијата.

Во рамки на програмата, делегацијата најпрво оддаде почит на основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, со посета на Аниткабир.

Потоа, делегацијата оствари средби во Големото народно собрание на Турција со пратеници кои потекнуваат од Македонија, при што беа разменети мислења за прашања од заеднички интерес.

Реклама

Во продолжение, делегацијата го посети и седиштето на Републиканската народна партија (ЏХП), каде оствари средба со претседателот Озгур Озел, кој по потекло е од Македонија. На средбата, како симболичен гест, му беше врачена копија од изводот на родените на неговата баба, родена во Кичево.

Партијата за движење на Турците (ТХП) останува посветена на унапредување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји.