Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Делчевските средношколци дел од младинска размена во Тирана, се зајакнува меѓукултурниот дијалог

Петнаесет ученици од прва, втора и трета година и двајца професори од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет ученици од прва, втора и трета година и двајца професори од Средното општинско училиште „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево, во периодот од 23 до 28 март престојуваат во Тирана, Република Албанија, каде ја реализираат втората возвратна размена во рамки на проектот „Bridges to Unity“, дел од програмата „SuperSchools“.

Со оваа активност се заокружува четвртиот циклус од проектот, чија цел е унапредување на меѓукултурниот дијалог, градење доверба и поттикнување соработка меѓу младите од регионот.

-Размената се реализира во партнерство со средно економско и техничко училиште од Тирана, каде учениците активно учествуваат во повеќе едукативни и интерактивни содржини. Во текот на престојот, учениците се вклучени во работилници и сесии како „Our Culture, Our Stories“ и „What is Intercultural Dialogue?“, преку кои разменуваат искуства, ги претставуваат своите културни вредности и стекнуваат нови знаења за значењето на толеранцијата, почитта и заедничкиот живот во мултикултурна средина, информираше Желеанка Демирова, координатор на проектот.

Реклама

Особено значаен сегмент од престојот според координаторката била средбата со висока делегација, на која се дискутирало за улогата и придобивките од младинските размени. На настанот свое обраќање имале директорот на училиштето домаќин, како и претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), а учениците имале можност да поставуваат прашања и да разменат мислења со високи претставници, меѓу кои амбасадорот на Европската Унија во Албанија, Силвио Гонзато, амбасадорот на Германија, Карл Бергнер, како и претставници од национални институции и младински организации.

-Покрај едукативниот дел, програмата опфаќа и културно-запознавачки активности. Учениците ги посетија музејот „House of Leaves“, кој обработува значајни аспекти од поновата историја, како и „Bunk’Art 2“, простор посветен на историскиот и општествениот развој на Албанија. Дел од времето беше искористено и за рекреација и дружење во Големиот парк кај Тиранското Езеро, едно од најпосетените места во главниот град, додаде Демирова.

Во рамки на агендата реализирана е и посета на TUMO – центар за технологии, каде учениците се запознаа со современи методи на учење, дигитални вештини и креативни индустрии, што претставува дополнителен поттик за нивниот личен и професионален развој.

Од училиштето информираат дека ваквите размени имаат значајно влијание врз младите, овозможувајќи им да изградат нови пријателства, да стекнат пошироки перспективи и да развијат вештини за комуникација и соработка во меѓународна средина.

Проектот „SuperSchools“, поддржан од меѓународни партнери, продолжува да создава можности за поврзување на младите од регионот и градење мостови на разбирање, почит и заедничка иднина.