Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Делчево започна со изградба на скејт-парк со средства од ЕУ ИПА програмата

Општина Делчево започна со реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект наменет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево започна со реализација на уште еден значаен инфраструктурен проект наменет за младите и развојот на туризмот. Станува збор за изградба на скејт-парк, кој ќе претставува ново катче за рекреација, спорт и забава за младите, но и дополнителна содржина во туристичката понуда на градот.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски кој денес изврши увид во градежните работи информира дека проектот е воведен во работа за време на овој работен викенд и претставува директен одговор на потребите на младата популација.

-Овој работен викенд воведуваме во работа уште еден важен проект. Започнавме со изградба на скејт-парк, потреба за младите и катче каде ќе се рекреираат посетителите. Ова претставува уште една понуда спакувана во туристичката приказна на Делчево – рекреација и забава за младите. Вкупната вредност на проектот изнесува 3.029.387 денари, а средствата се обезбедени преку ЕУ ИПА програмата, истакна Гоцевски.

Реклама

Овој проект е дел од еден од петте проекти кои се реализираат во рамки на прекуграничната соработка со Општина Благоевград од Република Бугарија. Тој нагласи дека двете општини имаат долгогодишна и успешна соработка во користење на европските фондови.

-Општина Делчево и Општина Благоевград се традиционални партнери во прекуграничната соработка и досега заедно имаме реализирано четири проекти од претпристапната помош од ЕУ ИПА програмата, а во моментов го реализираме петтиот проект со вкупна вредност од околу еден милион евра европски средства, истакна Гоцевски.

Според него, средствата кои се инвестираат во Делчево се насочени кон реализација на инфраструктурни проекти што придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во пограничниот регион.