Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Делчево со најбогата новогодишна програма досега – 22 дена музика, улична уметност и содржини за најмладите

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска на прес-конференција ја претстави новогодишна програма,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денеска на прес-конференција ја претстави новогодишна програма, која ќе трае 22 дена и, како што истакна, претставува најобемна и најбогата манифестација организирана досега во градот.

Во рамки на програмата ќе настапат бројни македонски изведувачи, меѓу кои Ламбе Алабаковски, BROOKA BAND, Ангел, Иван и Драган, Бумбари, Амбасадор, како и диџеите DJ Bryan, DJ Brysid, DJ Freeky и Filip–Rocci–Hristijan Sax. Публиката ќе може да проследи и настапи од групата „Троја“, Грин-џ зимскиот уличен фестивал, Баскерфест – Македонија, Кирил Пантомима, Штулар – Grinch и голем број забавувачи и аниматори за најмладите.

Според градоначалникот Гоцевски, урбаниот простор на Делчево во празничниот период ќе биде исполнет со уметници од локалните и националните институции – основните и средните училишта, детската градинка, Центарот за култура, граѓански здруженија, како и познати македонски уметници од различни музички жанрови.

Реклама

Под отворено небо, граѓаните ќе можат да уживаат во настапи на диџеи од повеќе електронски стилови, како и во македонска стара и современа музика, евергрин хитови, рок, рееге, блуз и поп музика. Програмата ќе биде збогатена со улични артисти, костимирани аниматори и традиционалниот Дедо Мраз, кој ќе доделува новогодишни пакетчиња за сите деца до петто одделение.

Гоцевски упати благодарност до компаниите што се вклучиле во организацијата и помагаат Делчево да биде празнично уредено, како и до институциите и вработените кои, како што рече, вложиле значителен труд во украсувањето на градот.

-Верувам дека ќе создадеме празнична магија што ќе ја почувствуваат сите генерации. Делчево оваа година вистински ќе свети, порача градоначалникот.