Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Делчево подготвено за зимските услови, екипите на ЈКП „Брегалница“ на терен

Првите снежни врнежи за оваа зима што денеска ги зафатија улиците во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првите снежни врнежи за оваа зима што денеска ги зафатија улиците во Делчево ги мобилизираа екипите на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“. Од претпријатието информираат дека се целосно подготвени да реагираат согласно своите надлежности, утврдени со Планот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето на Општина Делчево за 2026 година.

Активностите на ЈКП „Брегалница“ се однесуваат на одржување и чистење на тротоарите и јавните површини, а механизацијата со која располага претпријатието е во исправна состојба и подготвена за интервенција доколку снежните врнежи продолжат со поголем интензитет.

Зимското одржување на општинските улици и патишта во Делчево го врши фирмата „СД-Транс – Ѕвегор“, избрана по спроведена јавна набавка. За таа намена, Општина Делчево има обезбедено средства во износ од 354.000 денари, со вклучен данок на додадена вредност.

Реклама

Согласно Планот и утврдената приоритетна листа, со зимското одржување се опфатени 88,5 километри патишта со асфалтен коловоз, 42 километри патишта со макадам и 39,83 километри општински улици со асфалтен коловоз. Надзорот над извршените активности го врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Чистењето на снегот од коловозите започнува пред снежната покривка да достигне 10 сантиметри на сообраќајниците од прв и втор приоритет, односно 15 сантиметри кај останатите улици и патишта. Посебно внимание се посветува на критичните делници како остри кривини, стрмни косини, мостови, поголеми надолжни нагиби, засенчени делови, како и на патни премини и вкрстувања.

Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево е во надлежност на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта.