Реклама
Прилози

Дел од приватните превозици стравуваат дека договорот со Арсовска може да ги остави без добиен денар

Иако вчера падна договор со Арсовска, приватните превозници од денес да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако вчера падна договор со Арсовска, приватните превозници од денес да се вратат на скопскиот асфалт, сепак кај некои од нив постои сомнеж дека до 1 јануари можно е да бидат извисени.

Тие не знаат како ќе возат цел декември, а во меѓувреме да се договара новата цена по изминат километар. И така велат дека сега се во минус и имаат трошоци поради долгот кој ЈСП го има кон нив. За дел од нив подобро било решението и заклучокот кој го изгласаа советниците на Град Скопје на итната седница, уште сега да добијат 30 денари покачување по изминат километар.  

„Не беше идеална цена, но беше добра цена, за да може да работиме. Сега што се вика, подобро врабче во рака него гулаб на гранка. Тие пари треба да ни се исплатат и тие не се малку пари. За „Радост Компани“ околу 12 милиони денари, за „Јофи Бус“ само за 6 месец осум милиони, значи сигурно над 20 милиони е долгот, „Вестор транс“ исто така и тие имаат пет, шестнаесет милиони“, рече Хисен Халили приватен превозник.

Реклама

Алфа дознава дека приватниците инсистираат на уште една средба  со дел од советниците од градот Скопје, на кој треба да се договора цената по изминат километар, а која ќе треба да важи по 1 јануари.

Во моментов скопјани ги услужуваат околу 150 приватни автобуси, но тоа не е доволно за да можат да го извадат ЈСП од хаосот во кој се наоѓа. Осбено затоа, што нафтата која владата ја даде од државните резерви е речиси потрошена.

„Моментално таа нафта што ја донираше владата на ЈСП, претпријатието почна да функционира нормално, но тоа до кога ќе трае никој не знае. Затоа што гледате сметката денес е блокирана. Што ќе правиме понатака сега, што ќе прават скопјаните, дали ќе има возило дали е нема, никој не знае, меѓу нив што се договараат, тоа треба да биде јавно кажано. Што ќе биде понатаму. Ако случајно има нафта до утре или задутре. После пак ќе треба градот да остане без превоз на патници. Хаос беше минатата недела“, рече Меџит Идризи од синдикатот на ЈСП.

Целосен молк од Град Скопје и ЈСП, за блокираната сметка на претпријатието. Последно што слушнавме од иректорот на ЈСП, Драги Кушовски беше, дека имало начин како да се деблокира сметката.

„Блокирана е во моментот, се работи на деблокада. На сметката. Блокирана е неколку дена. Блокирана е по основ на долг спрема добавувач за нафта. Не знам колкав е долгот, затоа што има меѓу време трансакции. Но, помалку е од 10 милиони. Има начин како ќе се деблокира, работиме на тоа“, рече Драги Кушоски директорт на ЈСП.

Откако државата му даде на ЈСП дел од државните резерви, околу 250 автобуси циркулираат низ метрополата со последните капки нафта, но никој не знае како ќе функционира од утре.

Останува неизвесно дали граѓаните од понеделник повторно ќе мора да чекаат со часови на постојките за да стигнат кој, на работа, кој на училиште, кој на лекар.

Љубиша Владимиров