Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Дел од пожарите се намерно подметнати, главни осомничени се дрвокрадците

Дрвокрадци кои препродаваат дрвја од уништени шуми, како и луѓе коишто сакаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дрвокрадци кои препродаваат дрвја од уништени шуми, како и луѓе коишто сакаат да изградат дивоградби во заштитени предели, се можни предизвикувачи на пожарите во шумските предели.

Експертите предурпедуваат дека не се само излетите и скарите на излетничките места, или земјоделците кои ги палат стрништата, туку можеби станува збор и за добро смислен план за нелегална продажба на дрвја.

Пензионираниот командир на пожарникарна бригада од Битола, Костадин Поповски вели дека најчесто човекот го предизвикува пожарот, но високите температури и топлиот воздух ги шират огнените јазици вон контрола.

Реклама

Виновници може да бидат и селаните, кои самите си ги палат губриштата на нивите, па потоа пријавуваат дека случајно се појавил пожар, вели Горан Стојаноски од  Центар за управување со кризи.

“На ваков начин вие да дојдете да запалите ќибрит и да фрлите и да кажете дека пожарот се случил таму и таму, а вас ви е интерес нивата со тресетот и остатокот од житната култура да ви биде подредена, е тогаш тоа е нонсенс тоа е за казнување”-вели Стојаноски

Полицијата веќе расчистува неколку случаи на осомничени за намерно предизвикување на пожари. Иако на сила е забрана за движење во шума, од МВР апелираат до граѓаните да бидат внимателни со фрлање на отпушоци и отпадоци. Од МВР информираат дека е засилена контролата на терен.

Пожари со денови дивеат на планината Серта. Таму пожарникарите, припадниците на Армијата и на полицијата, како и ловџии се обидуваат да го изгаснат пожарот. Според познавачите, доколку од 24 до 48 часа не се стави контрола врз пламенот, тешко дека во наредните денови ќе може целосно да се изгасне.