Реклама
Прилози

Декларативно да, во пракса ништо: Заев имал план да се бори против шверц на дроги, но само на хартија

Декларативно да, но во пракса не. Владата предводена од Заев уште од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Декларативно да, но во пракса не. Владата предводена од Заев уште од 2017-та се борела со шверц на дрога, но само на хартија. Тогашниот владин кабинет кој уште на самиот свој старт реши да се зафати со законски олеснувања за одгледување канабис во мединцински цели, формирал Меѓуресорска државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

Но, освен дека е формирана, јавноста за ова владино тело не слушна ништо повеќе. По големите заплени на засега повеќе од 40 тони марихуана, оваа комисија ќе се активира речиси една деценија подоцна.

-Владата ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги. Напоменуваме дека од 2017 година откако е формирана комисијата, истата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи, изјави портпаролката на Владата, Венера Љатифи Азизи.

Реклама

Инаку, според Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, ова владино тело е главен стратег во борбата против злоупотреби на дроги.

Според законски пропишаното нејзината улога е стратешка – таа не брка дилери по улиците, туку креира политики. Комисијата ја развива националната стратегија, го координира системот за собирање податоци и се грижи за спроведување на меѓународните конвенции. Формирана е со одлука на Владата на 22-ри август 2017-та година, со потпис на тогашниот премиер Зоран Заев.

-Меѓуресорската комисија е составена од по 1 (еден) претставник од Министерството за  правда,  Министерството  за  внатрешни  работи,  Министерството  за  здравство,  Министерството  за локална  самоуправа,  Министерството   животна средина  и  просторно планирање,  Министерството  за  надворешни  работи,  Министерството  за  образование  и  наука,  Министерството  за  труд  и  социјална  политика,  Министерството  за  земјоделство,  шумарство  и  водостопанство,  Министерството  за  финансии,  Царинска  управа  и Агенцијата за млади и спорт, стои во владината од пред девет години.

Но, сега не само на хартија, Владата влегува во решителна битка со нелегалното производство, шверц и пуштање во промет на опојни дроги. Донесена одлука да се влезе со контроли кај сите фирми кои имаат лиценца за производство на канабис во медицински цели.

-Владата ги задолжи институциите во рамките на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица, кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на Република Северна Македонија и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата, изјави Љатифи Азизи.

Инаку, најголемиот број на компании регистрирани за оваа дејност се во периодот на 2021-ва и 2022-ра година, кога Заев ја туркаше легализацијата како голема економска шанса, а државата без доволна контрола дозволуваше ширење на плантажи, често без јасен траг каде завршува произведениот канабис. Според медиумите, но и денешната владејачка парија, многу од овие фирми се поврзани на еден или друг начин токму со семејството Заеви.

Матеја Петровски