Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија.

Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степени повисока од просечната на ниво на држава, додека месечната сума на врнежи била 50 отсто од просекот во однос на декемвриската просечна вредност во периодот 1991 – 2020 која изнесувала 65 мм.

-Декември се карактеризира како нормално до топол (со исклучок на Маврово каде што е многу топол за овој дел од годината) и просечно врнежлив месец во југоистокот до сушен во западот и централниот дел и многу сушен во Крива Паланка и Охрид, во однос на просекот 1991/20. Средномесечната температура се движеше од 1,8°С во Маврово до 6,9°С во Гевгелија.  Највисоката максимална температура беше измерена на 11-ти Декември во Гевгелија и изнесуваше 16,7 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Маврово, на 31-ви и изнесуваше -11,5 стпени. Во декември 2025, месечната сума на врнежи во државата варираше од 10 мм во Охрид до 101 мм во Гевгелија. Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од 36 мм беше измерено во Гевгелија на 25-ти во месецот. Максимална дневна снежна покривка од 16 см беше измеренa на 8-ми во Маврово, информира УХМР.