„Во 21 век, среде грејна сезона и во најстудениот месец од годината, речиси 24 часа да немаме струја, е невидена катастрофа. И ова не е првпат, што е уште поголема трагедија“, – реагираат жители од битолската приградска населба Долно Оризари која брои околу 2,5 илјади жители, кои велат дека и покрај баснословните сметки, од ЕВН биле оставени на милост и немилост.
„Скоро секој месец по еднаш-двапати немаме струја. И тоа да нема струја по 15 минути, тоа е во ред, ама да нема струја цел ден, тоа е незамисливовбо овој век сега. Немаме досега реагирано, ама денесдка имаме закажано состанок од МЗ од ело село што сме, сакаме да направиме еден состанок, да се организираме некако, кој ќеприфати и да одиме до ЕВН, во базата на ЕВН, па да видиме што ќе направиме. Или ова да го решат, оти вака повеќе не можеме. Ова е веќе несфатливо, имаме фамилии, дечиња дома и да немаш 24 часа струја во ова време, не знам што да речам“, – ни изјави за Алфа жител на с. Долно Оризари.
Од Електродистрибуција пак, се правдаат дека причината што овие луѓе, а вчера неколку часа и половина Битола, немале струја, бил посериозен дефект во електродистрибутивната мрежа, односно во Трафостаницата „Битола 3“.

„Екипите на Електродистрибуција веднаш изчегоа на терен и работеа на отстранување на дефектот. Снабдувањето со електрична енергија за дел од овие жители се нормализираше уште вчера, а дел од корисниците, за жал, се уште се соочуваат со прекин во снабдувањето, бидејќи дефектот е многу комплексен. Екипите работат уште на санацијата на овој дефект од посериозни размери. Во текот на денот снабдувањето со електрична енергија ќе се нормализира“, – писмено не’ информираа од Електродистрибуција.
Инаку, колку за потсетување од почетокот на годинаваима и нови, значително повисоки сметки на електричната енергија, за што голем број граѓани бурно реагираа и на социјалните мрежи.
Каролина Дурло
