Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Дебар доби новогодишен лик

Со палење на светилките на големата елка поставена во центарот на градот,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со палење на светилките на големата елка поставена во центарот на градот, како и оние на кружните токови, Општина Дебар почна со новогодишно украсување, кое ќе продолжи и следните денови.

-Поставивме голема новогодишна елка и светлосни и други поставки во центарот на градот, на плоштадот „Слендербег“. Исто така новогдоишни елки поставивме и на некокуте кружни токови, светилки и други украси по главната улица во градот, на булеварот „Илирија“, шеталиштето и градскиот парк. Продолжуваме со украсување и следните денови, рече Илдрит Бомова од Општина Дебар, задолжена за реализација на оваа активност.

Додава дека цел на локална самоуправа е градот да добие новогодишен амбиент, да се почувствува новогодишна атмосфера, како и во другите градови во светот.

Реклама

За оваа намена издвоени се средства во износ од над 500 илјади денари, но секако се користат и минатогодишните украси. Апелира сите одговорно да се однесуваат кон декорацијата.

-Сакам од свое и од име на општинската администрација на сите жители од нашата општина и пошироко, како и на нашинците во светот да им посакам среќна Нова 2026 година, со надеж за многу повеќе љубов, мир, верба, хуманост и благосостојба, посака Бомова.

Новогодишна декорација на витрините веќе на големо имаат поставено сопствениците на трговските, угостителските и другите објекти, граѓаните во дворовите и балконите, а новогодишната елка е составен дел од секој дом.

Освен украсувањето, пред новогодишната атмосфера, се очекува да ја надополни присуството на иселениците, бидејќи многу од нив од западноевропските земји, пред сè од Италија, Германија и Швајцарија, по традиција, пред католички Божик пристигнуваат во родниот крај.