Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Даскаловски: Зад Бузлевски во Ресен стојат Заев и Филипче

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДСM, Александар Бузлевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДСM, Александар Бузлевски, ни се претставува како “ново лице”, но зад него стои старата пракса – политички кадар без локални резултати, без визија и врска со реалноста кон граѓаните на Ресен, истакна на денешната прес конференција Николче Даскаловски, Претседател на УМС и Советник во општина Ресен.

Го паметиме Бузлевски како директор на Националниот парк Галичица, функција која ја вршеше со минимална транспарентност и со контроверзни одлуки што го доведоа во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во државата.

Што направи за таа институција?

Реклама

Дали го подобри управувањето со паркот?

Дали го приближи паркот до граѓаните или го претвори во уште една затворена партиска структура?

Дали отворил барем едно ново работно место за младите од Ресен?

Одговорот е јасен, не.

А сега истиот тој човек, без ниеден конкретен проект зад себе, сака да управува со цела општина. Не нуди визија, туку продолжување на истата политика на занемарување и игнорирање на потребите на народот.

Ресен не е терен за вежбање. Доста беше со експерименти и кариеристи. Александар Бузлевски е човек од системот што не запостави.

Ресенчани добро се сеќаваат за фамилијата Бузлевски , таткото на градот од минатото, долговите што ги направи и ја заглави Општина Ресен.

Затоа, драги сограѓани, на следните избори имате јасен избор:

Или ќе дозволиме Ресен повторно да биде жртва на политичка матрица,

Или заедно ќе го продолжиме патот на прогресот во Преспа, со локален патриотизам, со работа, со отчетност и вистинска промена.

Ресен не смее да потпадне под туѓи интереси. Ресен мора да победи!, рече Даскаловски.