Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Данела Арсовска ја снема во критични моменти за Скопје, вели работела ама не се сликала

Во живо на Фејсбук ловеше дивоградби низ Чаир, а додека Скопје се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во живо на Фејсбук ловеше дивоградби низ Чаир, а додека Скопје се гуши поради серијата пожари на депониите, никаде ја нема. Во време кога главниот град се соочува со сериозна еколошка криза Данела Арсовска исчезна од јавноста.

Сепак, за разлика од претходно се одважи да одговори на прашањата на Алфа, но како по обичај вина гледа кај сите освен кај себе.

Градоначалничката вели дека таа во нејзиниот мандат во целост го ичистила делот од Вардариште кој бил под нејзина надлежност, за се друго одговорна била Општина Гази Баба.

Реклама

Надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината. Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи. Одговорност треба да барате кај тие кои ги палат, но и кај МВР што не можат да ги најдат ниту санкционираат сторителите, вели Данела Арсовска за Алфа.

За Дрисла која е директно и целосно под нејзина надлежност, како и за другите проблеми градоначалничката немаше коментар.

Во преписката со СМС пораки ја прашавме и каде е и зошто не се појавува пред скопјани во овие критични моменти.

Зошто не сум Орце да правам ПР, ние немаме време за сликање додека се справуваме со пожарите заедно со Противпожарната бригада на Град Скопје, одговори Арсовска.

Случајно или не, веднаш откако заврши со преписката со нас, Арсовска конечно се огласи и на Фејсбук каде повторно проблемот го лоцираше кај сите освен кај себе.

Инаку едно од ветувањата со кои градоначалничката дојде на власт беше и дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе ги исчисти сите депонии на територијата на Град Скопје. Сега на помалку од два месеца пред да си замине, ситуацијата е многу полоша отколку пред 4 години.