Реклама
Прилози

Дали Заев стравува дека е следен на црната листа на САД, па затоа реши да го брани Анѓушев?!

Се стега обрачот околу поранешниот премиер Зоран Заев. Еден од неговите најблиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се стега обрачот околу поранешниот премиер Зоран Заев. Еден од неговите најблиски соработници во минатото, екс вицремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев веќе заврши на црната листа на САД, а се погласни се шпекулациите дека за брзо таму може да се најде и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Тој со Анѓушев го постигна договорот за изградба на модуларните болници за време на ковид пандемијата, од кои една, онаа во Тетово целосно изгоре и однесе 14 животи. Филипче и ден денес е најблизок до Заев и заедно се главни во фондацијата на екс премиерот. Заев застана во одбрана на Анѓушев и и пиша на амбасадорката Агелер.

Кочо Анѓушев и неговиот тим беа едни од најпосветените и најспособни луѓе и кабинет во Владата во периодот додека бев јас премиер, вели Заев.

Оваа поддршка, според познавачите претставува страв кај екс премиерот дека тој можеби е еден од следните на црната листа и алиби за евентуално такво сценарио. Сепак, со јавната поддршка за поранешниот вицепремиер, Заев и сам си ја отежнува позицијата, доколку дојде моментот да биде ставен на црната листа, вели за Алфа политичкиот аналитичар Синиша Пекевски

Реклама

-Еве ќе го земам пример бројчаникот на Триумфалната порта, кој само што не беше поставен, дури со сопствени средства, покажува дека во суштина и тој се спрема да биде ставен на црната листа. Дополнително ја отежнува и својата положба, од причина што кажува дека се знаел што работи господинот Анѓушев, вели Пекевски.

Политичкиот аналитичар Александар Ристевски за Алфа вели дека црната листа е јасна порака до моменталната власт, но и дека очекува покрај политички фигури од СДСМ, во брзо време таму да се најдат и други видни личности од албанскиот политички блок кој што е дел од владејачката гарнитура.

-Можеме ова да го сфатиме како најава, не суптилна, туку директно да кажам за пропаѓање на тоа што е владејачка структура. Гледаме дека за разлика од порано, притисокот не се однесува само на поддржувачите на СДСМ. Јас мислам дека од оваа владина структура перпсективно во брзо време, дека многу ќе се најдат ликови кои се дел од албанскиот политички фактор, вели Ристевски.

Запрашана дали Заев ќе биде следниот на американската црна листа, амбасадорката на САД одговори со кратка насмевка, но и велејќи дека дополнителни информации, ниту имиња нема да открива.

-(Што со шпекулациите за Зоран Заев? Меѓу нас зборуваме дека тој можеби е наредниот?) Се насмевнува И?! (Вие кажете ни, тој беше споменат во еден од документите?) Да, беше во смисла на бизнисмен од Црна Гора, вели Агелер.

Инаку името на Заев веќе беше споменувано кога САД на црната листа го стави контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Покрај името на поранешниот премиер, таму се споменува и името на еден од неговите најблиски соработници во минатото, поранешниот владин ген сек Драги Рашковски.

-Тој беше вмешан и во скандалот што доведе до апсење на генералниот секретар на Владата на Северна Македонија, Драги Рашковски, главен советник на поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев. Рашковски наводно примил поткуп од Давидовиќ за да има средба со премиерот Заев за да ги унапреди неговите бизнис интереси, соопштија од Стејт Департментот.

Инаку, бизнис империјта на поранешниот премиер е и повеќе од позната кај сите македонски граѓани. Во кланот Заеви сите имаат по некоја фирма, од најмлад до најстар.

Заеви и сомнителните дејствија беа познати уште пред СДСМ да ја преземе централната власт, а во јавноста се појави и видео во кое поранешниот премиер директно бара поткуп.

Матеја Петровски