Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Дали некој се пресметува со Речи? Обвинителство истражува дали е подметнат пожарот во кафулето во Охрид

Го подметнал ли некој пожарот во кој до темел изгоре угостителскиот објект,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го подметнал ли некој пожарот во кој до темел изгоре угостителскиот објект, сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи, се уште не се знае. Обвинителството ги прегледува снимките од видео камерите поставени на околните објекти во гратското пазариште,а се разговара и со сведоци кои во ситните саати сред викенд, се затекнале на оваа фрекветна локација на булеварот “Туристичка “во центарот на Охрид.

Низ ходниците на правосудните институции гласни се шпекулацииите дека некој се намерачил на Агорон Речи,кој наводно после 25 дена по именувањето на функцијата државен правобранител, бил присутен на суд и постапувал во својство на адвокат во предмет од областа на корупцијата. Дали е точна информацијата дека за ова била покрената и постапка иницирана од ДКСК, а прифатена од јавното обвинителство побаравме одговор од двете институции.Од ДКСК велат дека комисијата била на средби надвор од институцијата, а од ОЈО не добивме конкретен одговор.

  • “Врз основа на информациите кои ги наведувате во прашањето, Јавното обвинителство не е во можност да идентификува предмет каков што наведувате. Дали лицето присуствувало на судско рочиште, кога и во какво својство евиденција води надлежен суд.” – Велат од ОЈО

Речи и денеска не одговораше на нашите повици.Инаку како може да се види од неговата биографија,по завршување на студиите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, од референт за правни работи во охридското комунално претријатие,дотуркал до Државен Правобранител за подрачје на Охрид во 2020-та, а три годни подоцна е именуван за Државен Правобранител на Македонија.Во 2013-та Агон Речи градел и политичка кариера во редовите на сега пропадната партија Национална демократска преродба.

Реклама

Новинар Росица Голабоска
Снимател,монтажа Златко Маневски