Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Дабиќ за Алфа: Османи ги вдомува партиските кадри во македонската дипломатија

Османи ги вдомува партиските кадри во македонската дипломатија – остри реакции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Османи ги вдомува партиските кадри во македонската дипломатија – остри реакции во јавноста по одлуката на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во заминување одлучи да испрати 15 дипломати на мисии во странство. Осуда за одлуката дојде од македонскиот дипломатски синдикат, поранешни министри за надворешни работи и амбасадори. Дипломатот во пенизја, Зоран Дабиќ, вели дека ова решение во моменти кога се менува составот на владата, ќе направи овие дипломати да бидат третирани како приврзоци на министерот.

  • „Вие кога си заминувате, веројатно се обидувате, под наводници, да си ги спасите своите партиски кадри. Така една дипломатија не функционира. Во сериозни земји, изборот на луѓе се прави 6 месеци, до година однапред. Се ставаат дури и во понеповолна положба, бидејќи ќе биде голем прашање со новата влада, дали таа процедура ќе продолжи, бидејќи нема да се стигне да се испратат.“ – Изјави амбасадорот Зоран Дабиќ.

Тој додава дека со овие постапки се покажува до кој степен е партизирана македонската дипломатија, а кога недостасува професионализам во оваа служба, државата изгледа несериозно во очите на меѓународната заедница.

  • „Обично, подготовките за заминување започнуваат во месец март, за во летниот период да се замине. Значи 3/4 месеци. Тоа е поврзано со училиштата, децата на дипломатите да можат да се запишат. Тие што се таму на служба довршат. Не се прават вакви ад-хок изненадувања никогаш, бидејќи изгледа неубаво.“ – Додаде Дабиќ.

Од македонскиот дипломатски синдикат остро реагираат дека одлуката на Османи е само политичка манипулација.

Реклама
  • „Најостро реагираме и го осудуваме чинот на распишување на огласи за упатување во странство на повеќе од 15 дипломати во постизборен период, односно на само десетина дена пред стапување на должност на нов министер за надворешни работи. …сметаме дека овој оглас е политичка манипулација на министерот во заминување со цел да се остават отворени проблеми на новото раководство.“ – Соопштија од Македонскиот дипломатски синдикат.

На Османи ваквиот обид не му е прв пат. Министерот неуспешно се обиде масовно да упати дипломати во страство и непосредно пред изборите, односно, за време на кампањата. Одлука која изборниот законик не ја дозволува, па мораше да ја повлече. Владеењето на Османи со МНР беше проследено со низа скандали. Антикорупциска комисија во 2021 побара одговорност од министерот, бидејќи 15 служебни возила на МНР и 2 на агенцијата за разузнавање се користеа во партиски цели на локалните избори. Скандал за кој владата од него побара само објаснување. Една година подоцна, во 22ра, тој се обиде да ја испрати 28 годишната ТВ презентерка, Бесмира Ејупи на мисија во странство, иако без познати квалификации, таа веќе имаше инкасирано 12 илјади евра во хонорари од 8 различни институции.

Никола Цветкоски