Реклама

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Македонија

„Да порачаме дека народот е посилен од власта“: ВМРО-ДПМНЕ најави голем народен митинг на 4-ти априлvvv

 Заедно, сплотени и обединети да порачаме дека народот е посилен од власта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Заедно, сплотени и обединети да порачаме дека народот е посилен од власта и да ја вратиме државата на народот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повика граѓаните на голем народен митинг во четврток.

Ве повикувам на голем народен митинг, четврток, 4-ти април, пред Владата на Македонија во Скопје, со почеток од 20 часот. Заедно, сплотени и обединети да порачаме дека народот е посилен од власта и да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја, промените во твои раце.

ВМРО-ДПМНЕ веќе ја претстави изборната програма „Платформа 1198“, која како што велат која нуди реални и остварливи проекти и мерки кои ќе донесат систематска промена и напредок на земјата.

Реклама

Укинување на балансерот, намалување на бројот на пратеници во Собранието од 120 на 90, реорганизација на министерствата, една изборна единица, укинување на позицијата заменик дирекор, помалку управни и надзорни одбори кои ќе имаат помалку членови – ова се главните проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети за институционална реформа на Македонија.  

Нови 55 илјади вработувања, раст на БДП 5 проценти, капитални инвестиции во вредност од 3 милијарди евра.. Ова ќе се реаллизира, велат од опозициската партија, преку задржување на политиката на рамни и ниски даноци, намалување на буџетскиот дефицит и негово потиснување под 3 отсто.

Главната насока ќе биде подобар животен стандард. Уште првата година пензионерите ќе добијат 5 илјади денари линеарно покачување, ветува ВМРО-ДПМНЕ. Вложување на домашните енергетски капацитети, инфраструктурни инвестиции, реконструкција на железнички коридор 10.

Вчера опозицијата ги претстви кандидатските листи. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски ќе биде носител во ИЗ 1, во двојка потпретседателот Владо Мисајловски, во тројка пратеникот Драган Ковачки, во ИЗ 4 носител е потпретседателот на партијата Александар Николоски, во петка е генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, а во шестка носител е пратеничката Дафина Стојановска.  

Политичките партии најкасно до втори април во вторник треба до ДИК да ги достават кандидатските листи. Изборната кампања за претседателските избори почнува во четврток на 4-ти април, додека за парламентарните избори почетокот е на 18-ти април.