Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Прилози

Д-р Зафировски: Ако и по седмиот ден од грипот симптомите продолжуваат, направете дополнителни испитувања

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот поминува – но последиците остануваат. Клиниката за пулмологија е преполна со пациенти.Најмногу медицинска помош бараат болните со хронични белодробни заболувања, кај кои поради сериозни компликации е неопходна хоспитализација и постојан лекарски надзор.

Пулмолозите предупредуваат дека пост-грипните компликации се тивки, но сериозни.Годинава клиничката слика на сезонскиот вирус е значително потешка од вообичаеното.Според анализите, грипот од тип Б предизвикува потешки симптоми и сериозни компликации, особено кај пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОБ).

Последните 20 дена ова е секојдневна слика повеќе од 100 до 150 пацинти поминуваат низ нашата амбуланта на Пулмкологија. Тие се сите со последици после грип..затоа апелирам, тие што имаат клиничка слика не повеќе од 5 до 7 денови да не се почнува со антибиотик и дека таа со заболување со сезонскиот грип ќе биде полесна. Но ако веќе после седмиот ден имаме кашлица со густ секрет, зголемена температура треба да дојдат во нашата клиника и да видиме понатамошни испитувања..вели д-р Зафировски.

Реклама

Пулмолозите се децидни – вакцинацијата против грип е најефикасната заштита и клучна превентивна мерка, особено за ризичните групи.Според нив вакцината значително го намалува ризикот од тешки симптоми, компликации и хоспитализација.

Затоа пациентите е најдобро да се вакцинираат против сезонски грип…без разлика дали ќе биде полесна или потешка клиничка слика сите треба да земат вакцина. Моментално 45 пациенти сите кревети се исполнети на одделот за интензивна нега има седум пацинети…20 пацинети се со инфуенца….сите кои се на интензивна се со грип но имаат и други дијагнози

Бројката на заболени од грип оваа сезона достигна преку 8.200 случаи. Изминатите недели беа регистрирани и три смртни случаи кај пациенти поради компликации од вирусот.  Две 75 годишни жена и 69 годишен маж починаа на Инфективна – имале повеќе хронични заболувања и не биле вакцинирани против грип. Инфектолозите очекуваат пикот да биде во следните две недели.