Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

ЦУК: „Resilient Western Balkans“ – нов чекор кон посилна прекугранична соработка и рано предупредување

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска соопшти дека на регионален настан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска соопшти дека на регионален настан во Скопје бил означен почетокот на иницијативата „Resilient Western Balkans“, насочена кон зајакнување на прекуграничната соработка и унапредување на капацитетите за рано предупредување и намалување на ризиците од катастрофи во регионот.

Настанот го отворил директорот на Центарот за управување со кризи Мухамед Али, по што свое обраќање имал Армен Григорјан, постојан претставник на UNDP, Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во Северна Македонија, и Наталија Алонсо Кано, шеф на Регионалната канцеларија на UNDRR за Европа и Централна Азија. 

– Во своите обраќања истакнаа дека иницијативата претставува важен чекор кон посилна регионална поврзаност и координација во справувањето со природни и други ризици, особено преку размена на податоци, заеднички механизми за одговор и унапредување на системите за рано предупредување. Исто така беше нагласено дека ваквите партнерства се клучни за градење на поотпорни заедници и подобра подготвеност на институциите во услови на кризи, се наведува во соопштението од ЦУК.

Реклама

Иницијативата „Resilient Western Balkans“ има за цел да создаде поефикасна регионална рамка за соработка меѓу земјите од Западен Балкан, со фокус на превенција, навремена реакција и долгорочно зајакнување на капацитетите за справување со кризни состојби, со што директно се придонесува кон поголема безбедност и стабилност на регионот.