Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Црвениот крст: Волонтерите се на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите во државата

Волонтерите на Црвениот крст на Македонија продолжуваат да бидат на терен и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Волонтерите на Црвениот крст на Македонија продолжуваат да бидат на терен и активно обезбедуваат помош и поддршка за загрозените од поплавите во нашата држава. Тие неуморно работат на дистрибуција на хуманитарна помош, вклучувајќи сместување, храна, вода, топли оброци, душеци, ќебиња и основни хигиенски средства, со цел да им помогнат на семејствата што се соочуваат со тешки последици од временските непогоди, се вели во соопштението од Црвениот крст.

Покрај материјалната помош, волонтерите даваат и психосоцијална поддршка (ПСС) обезбедувајќи разговор, емоционална поддршка и насоки за справување со стресот и траумата предизвикани од поплавите. Тие помагаат при евакуација, вршат процена на потребите на погоденото население и соработуваат со локалните институции за побрзо и поефикасно справување со состојбата на терен.

КИЧЕВО

Реклама

Во општина Кичево, како резултат на поплавите, евакуирани и згрижени се вкупно 250 лица. Од нив, 61 се деца, меѓу кои едно дете на возраст од 1 месец, едно од 2 месеца, едно од 7 месеци и 58 деца на возраст од 2 до 10 години. Меѓу евакуираните има и 189 возрасни лица, од кои 102 жени и 87 мажи, како и 11 лица со инвалидитет.

Со материјална штета се засегнати вкупно 362 домаќинства, односно речиси 1.200 лица, кои се соочуваат со последиците од временската непогода.

За привремено сместување на евакуираните обезбедена е спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, каде што им се обезбедуваат основни услови за престој. Надлежните служби и Црвениот крст на Македонија остануваат на терен и продолжуваат со активностите за помош и поддршка на погоденото население.