Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Прилози

Црна демогравска иднина за Македонија

Македонија се празни. Годишно државата ја напуштаат во просек по 12 илјади…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се празни. Годишно државата ја напуштаат во просек по 12 илјади граѓани. Ако продолжи овој тренд, за 50 години ќе бидеме помалку од еден милион и триста илјади. Негативни проекции на Еуростат. Од Државниот завод за статистика во Собранието алармираа да се сфатат сериозно бројките и да се преземат мерки.

  • „Целта на проекциите е да ги видиме последиците и тие кои што се и биле должни да креираат стратегии, политики и да ги реализираат, да знаат што може да не очекува. Се разбира, никој од нас, јас прв, не би посакал ниту едно од овие сценарија да се оствари во иднина. Би посакал да имаме многу по позитивна демографска иднина, поубава иднина, но, мора да ги отвориме очите“ – Порача директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Позагрижувачки од негативни демографски трендови, е да немате свесност за проблемот, рече шефот на државата. Ја посочи корупцијата како причина број еден за иселувањето. Овие податоци не треба да не втурнат во апатија, туку да не отрезнат за суштинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, порача Пендаровски.

  • „Со намалување на бројот на работоспособно население, ќе се зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Во болниците, се помалку здравствени работници, ќе треба да се грижат за се повеќе пациенти. Ќе се намалува бројот на деца во градинките, ученици и студенти во училиштата и факултетите. Понудата на пазарот на трудот ќе се намалува, а еконмијата ќе стагнира. Освен ако не успееме навреме да ги сопреме овие трендови.“ – Истакна претседателот Стево Пендаровски.

Вицепремиот Фатмир Битиќи вели дека проблемот со иселувањето на младите не е од сега, туку се провлекува во изминатите 20 години. Но што направи оваа влада во последните 7 години за да го смени тоа, не кажа.

Реклама
  • „Во 2002 година вкупниот број на млади од 15 до 29 години изнесувал 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година се 18% од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на млади е намален за над 150,000 граѓаните, односно една третина.“ – Порача Вице-премиерот за европски прашања, Фатмир Бетиќи.

Инаку, според информациите што ги објави Еуростат, Македонија е за 50 проценти под просекот на ЕУ, а од регионот полоши се само Албанија и Босна и Херцеговина. Во рамки на унијата, највисоко ниво има Луксембург, за 38% над европскиот просек, а најниско Бугарија, со 31 процент под европскиот просек.

Никола Цветкоски