Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

„Црн петок“ во Македонија – мега попусти или маркетинг?

Излепени излози со огромни реклами, „Сè е на половина цена“, „Шопинг лудило“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Излепени излози со огромни реклами, „Сè е на половина цена“, „Шопинг лудило“, „Плати еден, вториот производ купи го со 70 % попуст“ и Македонија ја тресе светскиот тренд на попусти по повод „Black Friday“, но колку се тие реални? Според граѓаните црниот петок кај нас е само мачкање очи и маркетиншки трик, а попустите не се ни малку слични на оние од Америка. Сепак многумина, понесени од еуфоријата, се одлучуваат да ги обиколат продавниците со надеж дека ќе најдат нешто што им се допаѓа по прифатлива цена, но наместо со полни торби излегуваат со рацете во џеб.

Од Организацијата на потрошувачите на Македонија апелираат до купувачите да внимаваат и да не наседнуваат на маркетиншките трикови на трговците. Според Законот за заштита на потрошувачите, цената што важела пред 30 дена се зема како основа за попустот, а не попустот на цената што бил на почетокот на годината. Од Пазарниот инспекторат пак не одговорија на прашањето на Алфа колку трговци се казнети за манипулации со попустите.

„Попусти од 30, 50, 70%. Вакви налепници има залепено во речиси сите дуќани во поголемите трговски центри. За разлика од светот каде граѓаните се тепаат за да купат производи на попуст, за жал сликата кај нас не е така“.

Денот кога сè е на попуст, празник е за шопингхоличарите ама и за сајбер-криминалците. Од Народна банка ги предупредија граѓаните да внимаваат и да ги избегнат измамите за време на „Црн петок“. Да купуваат од безбедни веб сајтови и да се пазат од многу добри понуди.  Во светот често се случуваат стампедо токму поради долгите редици пред продавниците уште пред отворањето, а потоа и кога купувачите се фаќаат за производи кои се поевтини тој ден отколку во кој било друг ден од годината.

Љубиша Владимиров