Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол

Одлуки за понатамошно структурирањето во ДУИ, со избор на нови претседатели на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлуки за понатамошно структурирањето во ДУИ, со избор на нови претседатели на локалните ограноци и партиски функции се донесени вечерва на седница на Претседателството на ДУИ, прва по конгресот што се одржа викендот.

Усвоен е Правилник за работа на претседателството на Централниот одбор, како и одлуки шеф на кабинетот на претседателот  на ДУИ да биде Фатон Ахмети, а портпарол на партијата Арта Биљали Зендели.

– Советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите американски држави (САД) ќе биде Шемседин С. Бекири. Во согласност со одредбите на статутот што го усвоивме на конгресот во саботата, именувани се и претседатели на ограноците на ДУИ. За Тетово е именуван Бајрам Реџепи, за Куманово Ридван Асани, за Струга Фатон Положани, за Гостивар Валдет Џафери и за огранокот во Чаир, д-р Бујар Османи, изјави по седницата новата портпаролка Арта Биљали Зендели.

Реклама

Таа не даде коментар за изјавите од министерот за надворешни работи и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и на лидерот на СДСМ Венко Филипче за тврдењето на Али Ахмети „дека ја растурил Југославија“. Муцунски рече дека Ахмети живее во филмот од пред 20 години, Филипче дека нема да дозволи на никој начин да се уништи Македонија.

– Ние сме на првиот состанок на претседателството на Централниот одбор и со оглед на тоа што сме фокусирани во понатамошното развивање на Демократската унија за интеграција, јас би претпочитала да ги оставам тие одговори и реакции на Муцунски и Филипче на нив, не би сакала да коментирам, рече Биљали Зендели.

Дел од работа на Претседателството била дискусија во врска со организацијата на секретаријатите.